ММС

Објавено на: 09/12/21 12:05 PM

Три пати е добитник на милиони на лотарија, а добитните ливчиња го купувал од иста продавница

Среќниот добитник од Северна Каролина славеше освојување на 100.000 долари на лото, но тоа не беше првпат да освои големи награди на истиот платен пункт, туку трет.

Тери Сплоун од градот Конкорд купил лози за 20 долари и добил 100.000 долари, а по оданочување, му останале само 70.800, објави „Њујорк дејли њуз“.

Во април 2017 година, Сплоун добил милион долари, откако ја купил линијата „Милионер долари“, а две години подоцна, во март 2019 година, купил гребка од наградната игра „150 милиони готовина“ и заработи повеќе милиони долари.

„Ова е неверојатно. Дефинитивно е забавно да се победи”, рече Сплоун.

Според лотаријата во Северна Каролина, Сплоун го купил победничкиот тикет во понеделникот.

„Тоа беше на Денот на трудот. Така, тоа беше навистина убаво изненадување за мене”, рече тој.

Тој ја купувал секоја победничка лоза на истото место – во продавницата во Конкорд, во „мини стоп на Сем“ на Стариот Шарлот пат.

Преземено од: http://www.rtv.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1