ММС

Објавено на: 09/11/21 10:30 PM

Копал гроб на миленичето и умрел до гробот- Трагедија на групата „Ролинг стоунси“, останаа без менаџерот

Менаџерот на бројни светски ѕвезди и групи, како и познатиот „Ролинг стоунси“, Мик Бригден (74) почина поради комбинација на несреќни околности.

Како што објави неговата сопруга, Мик доживеал несреќа копајќи гроб за нивното штотуку починато милениче на 7 септември, во нивниот двор во Санта Роса.
„Нешто му се случи и тој остана мртов на самото место“, рече таа.


Соседите виделе што се случило и веднаш повикале брза помош, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. Веќе била предоцна и Мик не бил спасен, пренесува ТМЗ.

Мик Бридген аа време на животот пкрај легендарните „Ролинг стоунси“, соработуваше и со Боб Дилан, Карлос Сантана, како и многу други големи имиња од светот на музиката.

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1