ММС

Објавено на: 09/11/21 9:25 PM

Трагедија! „Бог ти чува место во рајот“ – Момче (28) од Куманово паднало од тераса на хотел во Тирана и починало

Трагичен настан се случил вчера попладне во Тирана, 28-годишно момче од од Куманово паднало од балкон на хотелот „Рогнер” и починало, пишува Топ чанел.

Албанските медиумипишуваат дека станува збор за Ајдин Мустафи, кој живеел и работел во Швајцарија, но бил гостин во хотелот, на неколкудневен одмор. Во кобниот момент момчето се потпрело на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал сосе неа.

– Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот. На местото каде што било паднато телото  била и металната ограда. Истрагата продолжува, се наведува во полициското соопштение, пренесува Топ Чанел.

Според нивни извори Мустафи веднаш бил пренесен во болница, но за жал  им подлегнал на повредите.

На социјалните мрежи блиски на Мустафи се простуваат и тажат за прерано загубениот млад живот.

-Бог ти чува место во рајот и да ги чува и им даде сила на сопругата и вашите два ангела, се само дел од порките за сочувство до семејството.

Извор: top-channel.tv

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1