ММС

Објавено на: 09/11/21 6:15 PM

Пожарот кај Велес се уште активен околу железничката станица

Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој започна вчера во 13 часот и нaтаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектати и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер.

Моментално на терен се екипа од Шумското стопансрво „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила.

Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п.

– Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу железничката станица, заради временските услови, односно појава на ветер, истиот повторно е активен и е во непристапен терен, велат од таму.

Од страна на „Македонски железници“ се доставени околу 200 литри вода, а воедно активиран е и противпожарниот воз.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1