ММС

Објавено на: 09/11/21 4:51 PM

Цело време се држат за рака и не се разделуваат еден од друг – Џеј Ло и Бен Афлек стигнаа во Венеција

Бен Афлек пристигна во Венеција по повод 78 -от филмски фестивал во Венеција, придружуван од Џенифер Лопез, а парот беше снимен како се качува на туристички брод.

Дејли Мејл пишува дека тие го обиколиле градот веднаш по пристигнувањето. За таа пригода, Џенифер носеше бел фустан со тантела, кој го усогласи со елегантна чанта и очила за сонце.

Бен дојде со пообична облека, носеше црни панталони и маица, и двајцата носеа заштитни маски, кои ги носеа на лицето додека не испловија. Се чинеше дека се добро расположени, држејќи се за раце цело време.

Филмот „The Last Duel“ во режија на Ридли Скот, напишан од Бен со актерот Мет Дејмон, денеска ќе биде премиерно прикажан. И двајцата глумат во филмот заедно со Адам Драјвер и Џоди Комер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fashion Alarm (@alarmfashion)

Лопез и Афлек се верија во 2002 година, но тие ја откажаа венчавката една година подоцна, а во 2004 година објавија прекин на нивната долгогодишна врска. Меѓутоа, по 17 години, врската беше обновена. По бројните шпекулации, Џенифер неодамна ги објави нивните први заеднички фотографии, со што ја потврди врската.

Извор: Еспресо.ко.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1