ММС

Објавено на: 09/11/21 3:34 PM

Починат маж пронајден во својот дом во Гевгелија

Вчера во 14.30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во неговиот дом во Богданци од неговата сопруга е пронајден починат Б.С.(79) кој имал здравствени проблеми, информираат од МВР.

Лекар од итна медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија, а по овластување на јавен обвинител издадена е наредба за обдукција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1