ММС

Објавено на: 09/11/21 3:12 PM

Тагата ги сплоти тетовчани – Во знак на загинатите засадија 14 дрвца и марш до модуларната болница

Тетовци во знак на загинатите, денеска засадија 14 дрвца на градскиот плоштад. Маршираа до модуларната болница каде се едноминутно молчење им оддадоја почит на жртвите.

Маршот кој беше мирен се движеше по булабарот Илинденска се до улицата 29 ноември кој потоа се приклучи на пристапниот пат позади модуларната болница. Беше положено цвеќе и венци, а беше оддадена почит и со минута молк.  Беа поставени и неколку транспаренти со натписите „Жив сум – протестирам“ и „Човечкиот живот има вредност“.

-Дојдов тука на овој марш во знак на почит кон починатите. Лично се гледам како одговорен,  бидејќи овие последни години сите ние сме молчеле, на сите лоши работи што се случувале овде и ова е капка на се, на сите трагедии што овде се случуваат последните години и се надевам дека народот веќе ќе сфати дека мора да се направи нешто, а да се направи нешто мора да се почувствува секој одговорен, затоа што со нашето молчење со нашето проголтување на сите лоши работи кои се случиле ние на некој начин сме дале придонес за ваквите работи. Се надевам дека ќе се освестиме сите и ќе дадеме придонес да ги спречиме овие работи, изјави Беким Демири, учесник на маршот.

Граѓаните за кратко мирно го напуштија местото.

З.Д.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1