ММС

Објавено на: 09/11/21 1:54 PM

(ВИДЕО) Раѓеновиќ Јовановиќ: Модуларната болница изгоре недозволиво брзо

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ – архитект, главен и одговорен уредник на Порта 3, вели дека и нивната професија не може да се амнестира од одговорност  бидејќи луѓето кои работат на проектирање, на изведба се нивни колеги, и дека проблеми постојат милион, но ниту еден проблем не се решава систематски.

„Ние лекциите никако да ги научиме, нас ни се случија повеќе несреќи невелам дека несреќи не се случуваат и на други места во светот но кај нас несреќите се случуваат буквално поради недоволно, неправилно и стручно реализирани работи. Така ни се случи Стајковци, несреќата со автобусот
на „Дурмо Турс”, така и со пожарите кога некој друг треба да дојде да ни ги гаси и ова последново што се случи е вистински хорор. Јас не сакам да шпекулирам бидејќи не знам каква била состојбата таму, но објектот видовме дека недозволиво брзо изгоре. Поради што се случи тоа јас не би можела да кажам, но едно е сигурно не дојде некој да го полее со бензин за да изгори толку брзо. Постојат
некаде технички пропусти веројатно тоа истрагата ќе ги утврди и најавите се дека ќе ни ги соопштат на сите”, изјави Сања Раѓеновиќ Јовановиќ – архитект во емсијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Вели дека со децении нивната професија се бори за квалитетно урбанистичко проектирање до кое никако не можеме да стигнеме, затоа што урбанизмот се сведува на лични интереси на поединци, тоа се инвеститорите и сопствениците на локациите кои тоа го гледаат како профит  и тоа е над јавниот интерес.

„Кога зборам за јавен интерес јас не зборам само за паркови и зеленило за децата, туку за безбедност на сите корисници на тој простор. Во урбанистичките планови имаме сериозен пристап за пожарни возила, амбулантни возила, евакуација. Кај нас постојат закони, стандарди и правилници но тоа се е мртво – слободна хартија, правилниците за противпожар се строги и со доста висок критериум, да не речеам со доста повисок  од европските стандарди, овде станува збор за болница која е дел од Клинички центар тоа е терцијална здравствена заштита, најголемата
здравствена заштита во државата. Јас не знам што материјали се користеле, но морам да кажам дека панелите кои што се користеле за фасада мора да бидат огноотпорни со двачаса огноотпорност исполнет со минерална волна, потребен е систем за заштита од атмосферски празнења односно громобранска инсталација, автоматско откривање и гаснење на пожари, панични светла, мерење на концентрација на токсични експлозивни смеси и алармирање за прекумерно дозволени концентрации. Овде знаеме дека станува збор за објект каде лежат пациети болни од корона и има големо количество на кислород кој е многу запалив, систем за известување на вработените и корисниците на објектот, внатрешна и надворешна хидрантска мрежа, како и рачни преносни апарати и персонал обучен да знае да ги користи. Во вакви типови на објекти исто така
неопходно е да има секторирање поради пожар, противпожарни ѕидови помеѓу, врати за евакуација кои што ќе се отвораат нанадвор и кои што ќе имаат автоматско кочење во правецот на отворање , дали сето ова било применето во овој објект јас навистина не знам. Објекти од ваков тип
мора да имаат пристап за пожарно возило , ширина на улица од 3,5 м во еден смер, и улица 6 метри ако е двосмерно движењето. Ова се стандарди кои се клучни и важни за безбедноста на корисниците на објектот”, вели Раѓеновиќ Јовановиќ.

Според неа се почнува од прокетот, кој треба да биде испланиран и испрокетиран по сите стандарди.

„Тој проект подлежи на ревизија , ревидентите исто така се одговорни за грешките и пропустите во проектот кои што треба да ги алармираат и проектантот да постапи по нив. Кога ќе заврши таа процедура проектите одат на одобрување во локалната самоуправа и во сите институции кои се
надлежни да изготват и да дадат мислење, меѓудругото Дирекцијата за заштита и спасување, потоа инвеститорот ангажира изведувач кој што го плаќа, ангажира и надзор кој што исто така е платен од инвеститорот, кој што надзор гаранатира дека изведувачот ќе го спровете се она што е предвидено и планирано со проектот. На крај кога се завршува објектот се врши технички прием, кај нас порано технички прием се правеше на многу повисоко ниво, изведувачот, надзорот беа вклучени и општините и независна куќа со инженери и архитекти од останатите бази кој го прима или не го прима објектот. Денеска законот вели дека технички прием може да извршат комисија составена од тројца , тие тројца се инвеститорот, изведувачот и надзорот, всушност сами себе си си прават технички прием”, изјави Раѓеновиќ Јовановиќ.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1