ММС

Објавено на: 09/11/21 11:11 AM

Пеле опериран од тумор на дебело црево

Еден од најголемите фудбалски великани, Бразилецот Пеле со задоволително темпо заздравува и останува на интензивна нега по операцијата со која му беше отстранет тумор од дебелото црево, соопштија синоќа лекарите.

Истите извори наведоа дека Пеле е во свесна состојба и активно се вклучува во комуникацијата со медицинскиот персонал.

Пеле веќе неколку денови се наоѓа во болница во Сао Паоло за што и самиот објави на социјалните мрежи, наведувајќи дека заминува на рутински прегледи, кои не можел да ги изврши порано поради пандемијата на коронавирус.

Меѓутоа, 80-годишниот Пеле по прегледите беше задржан во болницата, а самиот на социјалните мрежи објави дека лекарите му отстраниле тумор што се појавил на дебелото црево.

МИА

Фото: ilfaroonline.it


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1