ММС

Објавено на: 09/11/21 10:09 AM

(ВИДЕО) Необучени пожарникари се ставаат на раководни места, вели Трпковски меѓународен противпожарен инструктор

„Јас сум пожарникар од времето на поранешна Југославија  и како пожарниакр во нашата независна Макеоднија. Разликата е многу голема, опремата што ја имавме во тоа време беше одлична за тоа време, дека не се инвестираше не се инвестираше, за тоа потврдија и снимките кои што ги видовме, за жал во кочанско, каде 50 – 60 годишни возила ни беа потребни таму и одлично се заврши работата“, изјави Бобан Трпковски меѓународен противпожарен инструктор во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Тој вели најмалку се вложуваше во обука на нови кадри и дојде она најкобното за нас што се вика 2006 година кога преминавме да бидеме под локална самуправа и ние бевме декласирани на некој начин.

„Што со работна сила, опрема и техника затоа што од 2006 година веќе 15 години ние молиме и се радуваме на секоја донација. Јас мислам дека ова се главните проблеми, но и примањето на луѓе кои се возрасни и не се повеќе за оваа работа. Кај нас во Тетово има луѓе кои се на возраст од 50  до 55 кои се примаат на работа. На тој начин ни колабира пожарникарството во Македонија. Од како ќе ни се случат катастрофите ние тогаш реагираме и сакаме тогаш се да биде добро’, вели Трпковски.

Тој сподели моменти од кобниот 8 ми Септември, кога избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица, а 12 успеаа да се спасат.

„Јас бев повикан од дома не бев на работа кога дојдов таму моите колеги веќе ја имаа завршено работата беа во фаза на ликвидирање на пожарот. Одлично ја завршиле работата може да потврди последниот дел, бидејќи е само оцрнет, но не е изгорен. Постојат и снимки на кој начин и брзина се движел пожарот низ објектот. Страотно, мене ми е жал и изразувам најискрнео сочувство до моите тетовчани, меѓутоа мора да разберат дека кога е најтешко треба да бидат најсилни. Моите колеги,  двајца има со полесни повреди, дадоа се од себе да спасат нешто. За условите ќе кажам дека беа ненормални услови. Пожарот кај нас е пријавен 21 часот и 02 минути, пожарникарите имале патување околу еден километар бидејќи мора да заобиколат еден дел  околу 500 метри, во 21 и 7 минути биле на местото на пожарот. Веднаш пристапиле со гаснење и некаде околу 21 и 30 имале целосна контрола на пожарот го локализирале и не дозволиле да се шири. Во 21 и 45 минути го завршиле, ликвидирале пожарот. Она што се случувало додека пожарникарите пристигнале, тоа биле извадените луѓе кои ги извадиле од модуларната болница, повеќе не можело да се направи затоа што објектот развил  огромна температура. Ние ја проценуваме температурата во објектот според бојата на чадот. Ако е бела тоа значи дека само што почнал пожарот и е околу 100 степени Целзиусови, водената пареа излегува како показател. И постепено се затемнува и на 402 степени  излегува јаглерод диоксидот и до 800 степени. Бојата на чадот во пожарот во тетеово беше темно црна, внатре имало 800 степени. Не може, не знам кои стручњаци да биле, затоа велам прво се прави проценка на ризик пред да се влезе. Потоа динамична проценка прави, па секој тим по двајца влегуваат динамика мора да има, верувам дека процениле дека не можат да влезат внатре показател е чадот при таа температура и пристапиле кон гасење. Јас кога дојдов таму во 22 и 45 минути сеуште имаше 4 до 5 жртви внатре, не беа извадени“, раскажува Трпковски.

Тој се осврна и на феномените кои ги има во пожарникарството и кои се доста опасни. Вели многу е полесно ако се разбирате за да може да констатирате зошто било така и зошто всушност се движел пожарот со таа брзина низ објектот.

„Објектот е некаде околу 150 до 200 квадрати, со средишен ходник, тоа значи дека објектот прво нема ниту една противпожарна бариера, која треба да го спречи да не се шири, да не зборувам за противпожарни врати. Пирулиза тоа е хемисики процес секое ослободување на температурата, му се кршат атомите и на тој начин почнува пирулитички гасови да излегуваат. Овде станува збор за материјали кои се направени од нафтени деривати и кои развиваат голема температура за брзо и кратко време. Просторијата која не е во пламен направила микс од врел гас и кислородот во болницата и која чека само една искра за да пламне. Кога ќе се појави такво палење тоа се вика „флешовер“, тоа е целосно палење. Тоа можевте да го видите како се палат комплетно собите  и тоа се случуваше само од едната страна, од страната покрај реката Пена, бидејќи од таму некаде е почнат пожарот. Кога ќе достигне собата 100 степени, на оваа температура било кој изолационен материјал од тој тип го нема. Многу убави процепи за дижење на воздух и вентилирање, што значи дека ѕидот не е повеќе ѕид, и се префрла во другата соба и таму се прави премикс, давен гас и гас за експлозија за палење, каде мало пламенче да влезе во собата ќе експлодира“, објаснува Трпковски во „Стадион“.

Тој вели дека во оваа држава имам експерти, но ретко кога се почитуваат и консултираат.

„После пожарите во кочанско и источна Македонија, од Диркецијата за заштита и спасување се пофалија дека ќе донесат американски експерти да не обучеле за шумски пожари, јас ги ценам моите колеги од цел свет, се школував во Бристол и Манчестер, меѓутоа зошто толку не потценуваат нас како експерти. Зошто не прашаа во скопската бригада дали има, верувам дека во секој град има по еден или двајца експерти. Се вработуваат луѓе кои немаат никаква допирна точка со оваа професија, се ставаат на раководни места. Од Центарот за заштита и спасување не знам кој го води секторот за обука меѓутоа не верувам дека има диплома за обуда на пожарникари“, вели Трпковски.

Може многу работи да го запалат материјалот внатре, вели Трпковски прво електичен спој е пет пати поголем од тие 200 степени исто како да вариме метал со метал.

„Ако се навратите назад на снимката ќе видите дека пожарникарите од Тетоо гаснат во еден  момент кога ја погодуваат спратната табла доаѓа до искрење, краток спој, се виде дека постои струја и под напон е сеуште. Јас се прашувам друго нешто, ако веќе било по стандарди зошто при првиот спој и при толку горење не избила склопка на тоа. Зошто не се поставени дететктори за рано откривање на пожар, зошто не се поставени спринкер системи, или ако имало зошто не се вклучиле. Многу работи придонесуваат да има повеќе од 200 степени, кај овие пур пени има пур и пир пени и тие се разликуваат, пирот е од А1 и А2 категорија, додека пур пение се Б2 и Б3 или ние ги викаме „фитил“ или лесно запаливи материјали. Камената волна е нешто сосема друго, својот волумен почнува да го намалува некаде на 800 степени и разликата е огромна“, изјави Трпковски во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1