ММС

Објавено на: 09/10/21 6:07 PM

Гори шума над железничката станица Рајко Жинзифов во близина на Велес

Во моментов е активен пожар кој пламнал после пладне во близина на железничката станица Рајко Жинзифов на пет километри пред Велес. Гори нискостеблеста шума, а пожарот се шири од железничката станица во правец на селото С’лп.

„Гори ниско стеблеста шума и трева. Пожарот е во продолжение на огнот кој на почетокот на неделава гореше помеѓу железнички станици Рајко и Пчиња. За жал освен две екипи пожарникари со осум луѓе и две возила и мештани од С`лп, побрана е помош но засега ги нема екипите од ШС Бабуна ниту од против пожарната единица на железница“ – изјавил Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес за порталот Тирековмирече.

 

фото : Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1