ММС

Објавено на: 09/10/21 4:28 PM

Два кластери на заразени во основно и средно училиште и градинка во Струмица

Два кластери на заразени од Ковид-19 се регистрирани во едно основно и средно училиште и еден во градинка во Струмица. Има позитивни ученици и деца, но и наставници и воспитувачи.

Ова го соопштија од Центарот за јавно здравје во Струмица, од каде велат дека трансмисијата на вирусот била во самите уличишта и затоа се водат како нови кластери.

-Прeземени се сите неопходни мерки и се надевам дека во иднина нема да се појавуваат други ученици. Меѓутоа, ако постои ние по епидемиолошка индикација секако ќе тестираме. Согласно мерките и протоколите кои се од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ние постапивме така како што треба. Дел од учениците веќе се ставени во домашна изолација, тие се под надзор и се следи нивната здравствена состојба, вели епидемиологот Мери Николова Гичева.

Позитивни случаи се регистрирани и во две градинки, заради што дваесетина деца и неколку вработени се ставени во изолација.

Според Николова Гичева, моменталната состојба со Ковид-19 во регионот на Струмица и Валандово ја оценуваат како нестабилна, а бројот на новозаразени расте секојдневно. Во овој бран вирусот најмногу ги погодува младите и средна генерација граѓани, а во последните денови струмичкиот регион е во самиот врв по број на нови случаи од коронавирус.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1