ММС

Објавено на: 09/13/21 8:58 AM

(Видео) Возел по железничка пруга еден километар и завршил во затвор

Извесен Арон О’Халоран возел по пруга речиси километар и предизвикал доцнење на железничката линија од осум часа за на крајот да заврши со казна затвор во траење од 15 месеци.

Лудоста на Арон О’Халоран на делницата на пругата помеѓу станицата Дејдстон и Астон во Бирмингем е фатена на сигурносна камера и таа предизвикала штета од 25.000 евра, соопшти британската сообраќајна полиција.

Судската порота во Бирмингем го прогласила 32-годишниот маж од Хендсворт за виновен за загрозување на луѓети на железницата, за опасно возење, за возење додека бил исклучен од сообраќај и за користење на возило без осигурување.

Осуден на казна затвор од 15 месеци и е исклучен од сообраќајот на две години.

Полицаецот на суд рекол дека автомобилот го затекнале напуштен и паркиран преку колосекот. Иако О’Халоран побегнал од местото, во автомобилот му останал мобилниот телефон кој го пронашла полицијата па неговите тврдења на суд дека не бил тој не биле прифатени.

 

извор: b92.net

видео: DailyMail.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1