ММС

Објавено на: 09/10/21 2:55 PM

Дошол со кола и сам го земал телото на мајка му која починала од ковид во тетовската болница, полицијата го истражува случајот

Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.

-Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд” ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од „ковид -19″ и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.

Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот Ковид центарот информираа дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1