ММС

Објавено на: 09/13/21 9:30 AM

Авионот на Кристијано Роналдо во кој убавата Џорџина најмногу се слика чини 23 милиони евра

Кристијано Роналдо ова лето го натера светот повторно да пишува за него. Лео Меси го потресе фудбалскиот свет со трансферот во ПСЖ, а Кристијано со враќањето во Манчестер Јунајтед.

За него се пишува многу и за тоа што работи надвор од теренот и сите се прашуваат каква е исхраната на Роналдо, што прави во слободно време и каков сексуален живот имаат со преубавата сопруга Џорџина.

Роналдо (36) го купи суперлуксузниот авион “Гулфстрим Г200“ кој чини 23 милиони евра, а достигнува брзина од 900 километри на час, открива британски „Сан“.

Млазниот авион со два мотора може да пренесе четворица патници како и мал екипаж и тоа на оддалеченост од 6.000 километри. Распоредот на седиштата може да се прилагоди и да собере десет патници. Авионот на Роналдо поседува шкаф за облека, безжичен интернет, телефон, факс машина, електрична рерна, микробранова печка и фрижидер. Се претпоставува дека Кристијано токму со овој авион одлетал од Португалија за Манчестер каде што ја започнал петдневната изолација во својата вила вредна десетици милиони евра.

Авионот Г200 по првпат е пуштен во 1999 година и се произведени околу 250 различни примероци. Роналдо често се фалеше на социјалните мрежи со фотографии од својот авион, а неговата свршница Џорџина Родригез најмногу позира токму во луксузното летало.

 

Извор: The Sun

Фото: The Sun, footballreporting

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1