ММС

Објавено на: 09/10/21 10:05 AM

Што се случува со силиконите и вештачките колкови кога некој ќе умре?

Кејтлин Доути, погребничка позната и по серијалот на Јутјуб, „Прашај го погребникот“, вели дека имплантите обично се кремираат заедно со телото, но имаат потенцијал да се стопат и да остават желатинска маса заглавена на дното од печката.

Според неа, пејсмејкерите никогап не влегуваат во печката за кремирање  затоа што батериите и топлината би направиле “бум“.

– Кога работев кремирање, никогаш не барав во формуларот за авторизација да ми кажат дали покојникот имал пејсмејкер, обично ќе го напипав како работи на градите и со скалпел го отстранував.

Кејтлин открива дека вештачките колкови ја преживуваат печката затоа што титаниумот останува како едно парче.

– Металот мора рачно да се отстрани или со голем магнет и со него се постапува како со биолошки отпад, затоа што тој никогаш не бил дел од телото. Семејството има право да ги бара овие делови назад, но досега не сум добила такво барање.

Крематориумите не можат да заработат на овие предмети затоа што тоа е морбидно, па се донираат во хуманитарни цели.

 

Извор: Mondo

 

Фото: The Guardian/Twitter

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1