ММС

Објавено на: 09/10/21 9:19 AM

Ја гризал, ја кубел и ја удирал со тупаници – Фудбалерот Жером Боатенг ја претепал мајката на неговите деца, но ќе избегне затвор

Само што си отиде од Баерн, Џером Боатенг мораше да се враќа во Минхен затоа што судот донесе пресуда во случајот во кој неговата бивша девојка со која има две деца го обвини дека ја претепал.

Новиот одбранбен играч на Лион е прогласен за виновен, но успеа да избегне затворска казна и ќе си помине само со парична оштета од 1,8 милиони евра што е околу половина од неговата плата.

Шерин Сенлер, со која три години беше во врска и со која има близнаци, го обвини дека ја удрил додека биле на одмор со нивните ќерки, а поради тоа можеше да добие и казна затвор до пет години. Таа на суд сведочеше дека Боатенг ја влечел за коса, ја гризал и ја удирал со тупаници, а од силината на ударот останала без воздух.

Пресудата доаѓа седум месеци откако 25-годишната Касија Ленхарт изврши самоубиство по само една недела од раскинувањето на двегодишната врска со Боатенг.

Извор: Mondo/Bild

Фото: digisport.ro

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1