ММС

Објавено на: 09/10/21 8:37 AM

Една година ја криел мртвата мајка поради пензијата – Австриец со измама добил 50.000 евра

Жител на Австрија повеќе од една година го чувал „мумифицираното” тело на мајка му во својот дом, за да ѝ ја зема пензијата, наведуваат полициските извештаи.

Се верува дека 89-годишната жена, која страдала од деменција, починала уште во јуни минатата година. Нејзиниот 66-годишен син го сместил нејзиното тело во подрумот од нивниот дом, користејќи мраз и завои, но и песок за да го прикрие мирисот.

Полицијата проценува дека на тој начин човекот нелегално добил околу 50.000 евра.

Измамата излезе на виделина дури откако поштенскиот работник кој ја испорачувал пензијата, бил изгонет од домот откако побарал да ја види жената. Тоа предизвика истрага и последователно откритие.

Осомничениот ја признал својата вина.

МИА

фото: www.neweurope.eu/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1