ММС

Објавено на: 09/9/21 10:14 PM

Ја скрати косата, фармерки три броја поголеми – „Бомбастичен“ стајлинг на Ирина Шајк

Манекенката и една од најубавите жени на светот, Ирина Шајк, ги изненади фановите со голема промена на имиџот.

Ирина на забавата на „Булгари“ се појави во „бомбастичен“ стајлинг, а покрај необичниот аутфит, ја смени и фризурата.

Атрактивна бринета, позната по бујната, долга коса, се појави со кратка фризура, додека наместо помпезен волумен, го избра познатиот „влажен“ изглед.

За оваа пригода, манекенката избра огромни фармерки, додека своето бујно деколте го истакна со портокалов ПВЦ корсет.

Сите погледи беа насочени кон Ирина со причина, а коментарите за нејзиниот изглед не престануваат.

„Како изгледа оваа жена“, „Брутално“, „Нејзината фризура совршено и стои“, „Леле, каков корсет“, се само дел од коментарите на фановите.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1