ММС

Објавено на: 09/9/21 8:25 PM

Модерна развива нова вакцина комбинација против Ковид-19 и вакцина против грип

Компанијата Модерна денеска соопшти дека развива единствена вакцина која ја комбинира засилувачката доза против Ковид-19 со нејзината експериментална вакцина против грип.

Компанијата се надева дека ќе успее да развие годишни вакцини против респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и други респираторни заболувања, пренесува Гардијан.

За време на презентацијата пред инвеститорите за подготовките за развивање на вакцината, извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел рече: Веруваме дека ова е одлична можност за нас ако можеме да понудиме високо ефикасен панреспираторен годишен засилувач на пазарот. Ние веруваме дека Модерна може да биде прва на пазарот со ваква важна нова можност.

Компанијата во моментов спроведува клинички испитувања за вакцината РСВ кај постари лица.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1