ММС

Објавено на: 09/9/21 5:25 PM

Не бегам од одговорност, после истрагата ќе донесам одлука за моја оставка, истакна Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција апелираше до граѓаните да не создаваат паника и недоверба кон ковид центрите кои значат многу за спасување на животи. Тој истакна дека вакви објекти се користат во многу земји во светот.

Во однос на прашањето дали ќе поднесе оставка после оваа трагедија тој на кратко изјави:

-На многу медиуми имаше повик за моја оставка, од одговорност не бегам ниту планирам да бегам. Но ќе чекам да заврши истрагата, и овој период има потреба за менаџирање, за завршување на обдукционите наоди. После истрагата ке ја донесам оваа одлука дали ќе поднесам оставка. Тешко е да се опише со зборови, сочувствувам со семејствата на загинатите, рече Филипче.

Исти така запрашан од новинарите дали ќе побара одговорност и од директорот на тетовската болница за тоа што биле дозволени посети на ковид пациентите, како и дека при прием на нови пациенти било обврзувачко да бидат во придружба на некој член од семејството, бидејќи имало недостаток од медицински персонал, министерот Филипче рече дека никој нема да избегне одговорност, а ниту тој, кога ќе се завршат анализите ќе излезе со конечни информации.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1