ММС

Објавено на: 09/9/21 4:58 PM

Починатите од пожарот се на возраст од 29 до 79 години, рече Филипче

Ова е тажен ден за нашата земја и огромна трагедија која не потресе сите нас. Изразувам длабоко сочувство. Се уште трае истрагата, и замолувам да имаме трпение и да ги почекаме сите наоди. Донесовме одлука на нашите експерти да им се придружат експерти од странство. Замолив сите наоди да бидат презентирани во јавноста. Никој нема да биде изземен од одговорност, рече Филипче.

Министерот Филипче рече дека во модуларната болница биле згрижени вкупно 26 пациенти.

-Медицинскиот персонал бил составен од еден лекар и четири медицински сестри, 12 пациенти кои се евакуирани се во сместени болницата во Тетово и се во стабилна здравствена состојба, немаат последици. Нема повредени здравствени работници. На судска мед се предадени телата на 14 починати лица. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Ќе се прават и анализи на ДНК, за што се информирани членовите на семејствата на починатите, истакна Филипче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1