ММС

Објавено на: 09/9/21 2:32 PM

Купиле лажни негативни ПЦР тестови за сума од 1000 до 2000 денари, полицијата ги открила на граница

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север вчера  откриле 11 фалсификувани негативни ПЦР тестови. При проверка на ПЦР тестови приложени од македонски државјани на Граничниот премин Табановце биле откриени девет фалсификувани негативни ПЦР тестови, додека на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје биле откриени два фалсификувани тестови.

Со сите 11 лица бил извршен разговор, при што појасниле дека тестовите ги набавиле од посредници за сума од 1000 до 2000 денари. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување иправа” и по член 206 – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

извор: МВР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1