ММС

Објавено на: 09/9/21 2:03 PM

Не постојат индиции дека пожарот е подметнат, рече Пендаровски од Тетово

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово изјави дека според информациите кои ги добил од надлежните, досега не постојат индиции дека пожарот во модуларната ковид болница бил намерно предизвикан. Надлежниот јавен обвинител го информирал дека за околу еден до два часа и формално ќе го завршат увидот и во најбрз можен рок потоа ќе излезат со нивниот извештај.

-До овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друга политичка цел. Меѓутоа, велам, тоа е во овој момент и се разбира тоа ќе ви го каже денеска или наредниве денови надлежниот јавен обвинител. Обвинителот ми рече дека ќе им даде многу кратки рокови, веројатно пет дена за секоја институција да одговори од својата надлежност, по нивното добивање на тие сепак извештаи ќе излезе тој со свој збирен извештај во кој ќе се види прво што е причината за пожарот и второ и дали зад тоа евентуално има човечка грешка, истака претседателот Пендаровски во денешната изјава пред опожарената болница во Тетово.

Тој истакна дека за да нема сомневања во истрагата за овој немил настан, Владата изразила подготвеност да повика и странска експертиза.  Основа за подетална анализа, според претседателот, е и самиот факт што модуларната болница изгорела во целост за само неколку минути.

 

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1