ММС

Објавено на: 09/9/21 10:56 AM

Од јануари до јули година трговскиот дефицит достигнал 1,448 милијарди евра

Трговската размена во периодот јануари – јули 2021 година изнесува 9 440 427 000 евра, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот достигнал 3 996 058 000 евра што е раст од 34,6 отсто во однос на истиот период лани, а увозот е 5 444 369 000 или 34 проценти повеќе.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1 448 311 000 евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 73,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-јули 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1