ММС

Објавено на: 09/9/21 10:17 AM

Црвениот крст ќе им додели по 30 илјади денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите во пожарот во ковид-центарот во Тетово ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000 денари.

-Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид – центарот во Тетово, стои во соопштението.

 

МИА

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1