ММС

Објавено на: 09/9/21 8:47 AM

Сочуство од Грција и од Европската унија за жртвите во Тетово

Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел.

-ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земајва, Дејвид Гир.

– Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер.

Сочувство до семејствата на загинатите и солидарност до народот и владата на Северна Македонија по синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово, изразија, преку „Твитер” од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашите мисли се со жртвите од ужасниот пожар во болничката единица во Тетово и со сите погодени од оваа трагедија. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејствата на жртвите и нашата солидарност до народот и Владата на Северна Македонија, напишаа од грчкото МНР.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1