ММС

Објавено на: 09/9/21 8:35 AM

(фото)Не се гледаше дали се мртви или живи луѓето што ги вадевме од огнот сведочи командирот на ТППЕ Алити  

Исцрнетите остатоци на модуларната болница во Тетово исутрината сведочат за големиот пожар од синоќа, од кој според Обвинителството се извлечени 14 тела на починати. Истрагата продолжува, а во близина на модуларната болница се и новинарите во исчекување на подетални Дописникот на ММС јавува дека според првични информации има 15 жртви на пожарот, од кои 14 се однесени на обдукција во Судска медицина во Скопје. Во момент на избивањето на огнот имало 26 болни хоспитализирани во модуларната болница. Спасените пацинети се однесени низ остатите одделенија на Болницата во Тетово.

Командирот на Територијалната противпожарна единица,  Ука Алити изутрината пред новинарите излави дека глетката била стравична.

Кога тргнале да ги спасуваат луѓето во објетктот кој бил целиот во пламен, не можеле од чадот и мракот да видат кои се тие што ги излекуваат,  мртви или живи. Како што вели,  модуларната болница е целата од пластика и лесонит, матерјал што лесно пламнува и гори, а кон тоа придонел и кислородот за пацинетите, кој само го проширил огнот. Алити вели дека добро е што не биле зафатени остнатите објекти од болницата,како  Инфективното  одделение, кое е во непосредна близина и се лекуваат 20 пацинети.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1