ММС

Објавено на: 09/8/21 11:28 PM

ЈО:Петмина обвинители од Скопје и Тетово вршат увид во изгорената модуларна болница

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува, соопшти Јавното обвинителство.

-Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, информираше Обвинителството.​

Тимови патолози од Судска медицина во Скопје  се подготвуваат да ги преземат телата на починатите, кои се транспортираат од Тетово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1