ММС

Објавено на: 09/8/21 11:21 PM

Арифи не даде детали за пожарот, изостанаа изјавите на државниот врв

Да не се шпекулира со бројот на жртвите, додека не се добијат официјални информации, кои во моменетот се во изгорената модуларна болница во Тетово, каде вечерва околу 21 часот изби голем пожар. Ова е апелот од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која беше единствената што зборуваше со новинарите по заседвањето на Кризниот штаб. Како што рече Арифи, изјави нема да има, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. Премиерот Зоран Заев и дел од државниот врв веќе го напуштиле Тетово.

Како што веќе објави министерот за здравство, Венко Филипче, потврдени се 10 жртви.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1