ММС

Објавено на: 09/8/21 10:03 PM

Без голови – Македонија ја испушти шансата да се качи на второто место

Трет последователен нерешен резултат на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Нашиот национален тим не успеа да го најде патот до голот на Романците и натпреварот заврши без голови (0-0). Повторно затаи нападот, како против Ерменија минатата недела и втор меч по ред на домашен терен не успеавме да ја затресеме противничката мрежа.

Со тоа не ја искористивме можноста која ни ја овозможи Лихтенштајн со нерешениот резултат против Ерменија. Со победа, Македонија можеше да дојде до второто место на табелата во својата група, но вака остана четвртопласирана со девет бода од шест натпревари.

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1