ММС

Објавено на: 09/8/21 9:34 PM

Додека го гасевме пожарот, се вадеа и жртви – изјави заменик-командирот на тетовската пожарна

Заменик командирот на пожарната во Тетово изјави дека во 21:02 минути е пријавено дека гори модуларната болница во медицински центар Тетово.

-Екипите за 3-4 минути се пристигнати на лице место со околу седум возила и над 30 пожарникари учествуваа од двете страни. Кога пристигнаа екипите целото беше во пламен внатрешно и надворешно, се што е од наша страна е употребено, 21:30 е локализиран пожарот, во 21:45 ликвидиран комплетно, изјави заменик командирот на пожарната.

Тој исто така истакна дека имало и жртви.

Додека се гасеше пожарот, пламените јазици беа огромни, бидејќи модуларната болница е целата со пластика, се вадеа и жртви додека се гасеше. Се уште немаме евиденција колку жртви се. Мислам дека има уште една жртва што седи и се чека екипа, рече заменик командирот.

 

Фото: Алсат-М


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1