ММС

Објавено на: 09/8/21 8:02 PM

Починати 24 лица и 702 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се нови 702 случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе – 14, Радовиш -13, Струга – 10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9, Дебар – 8, Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 1.119 оздравени пациенти од: Скопје – 512, Струмица – 104, Гостивар – 102, Куманово – 79, Кичево – 56, Велес – 25, Прилеп – 24, Штип – 23, Дебар – 22, Битола – 21, Кавадарци – 18, Кочани и Ресен – по 16, Радовиш 15, Свети Николе – 13, Гевгелија – 11, Картово – 10, Пробиштип – 8, Делчево – 7, Тетово – 6, Неготино, Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница – 4, Берово – 3, Валандово – 2, Струга, Крива Паланка, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Дојран и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 24 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 починати лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1