ММС

Објавено на: 09/8/21 6:19 PM

(ВИДЕО) Роналдо на првиот тренинг за Јунајтед дојде со автомобил вреден 200.000 евра

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го одработи првиот тренинг со своите нови соиграчи во Манчестер Јунајтед, а го привлече вниманието и на британските медиуми поради изборот на автомобил со кој дојде во Карингтон центарот!

Роналдо го избра Ламборџини Урус, чија цена е околу 200.000 евра, а кој често се нарекува и супер теренец.

Урус е произведен во 2018 година и достигнува максимална брзина од 305 километри на час. „Гаражата“ на Роналдо, вреди околу седум и пол милиони долари, а содржи марки на возила како Бугати, Масерати, Порше, Мерцедес …

Она што секако е важно кога станува збор за автомобилите на Роналдо, е најавата дека Португалецот следната година ќе добие нов модел на Бугати, кој ќе чини неверојатни осум милиони евра!

Станува збор за „Bugatti Centodieci“ што неодамна започна да се произведува, а она што е важно е дека ќе има само 10 такви во светот. Нема сомнение дека Георгина ќе биде таа што прва ќе ја вози Роналдо …

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1