ММС

Објавено на: 09/8/21 3:27 PM

(ВИДЕО) Го смири бесот кај своето дете за неколку секунди – Родителите се воодушевени

Ејми Луиз Крисп од Кембриџ сподели видео во кое плаче нејзиниот син Колби, а начинот на кој нејзиниот сопруг Мајкл го смири се покажа како многу ефикасен и иновативен.

Во видеото, кое има повеќе од два милиони прегледи на Инстаграм, 27-годишната мајка му покажа на малото момче да престане да плаче речиси веднаш откако седна на таканаречените среќни скали.

„Колби имаше еден од оние денови кога сето тоа резултираше со лутина или крокодилски солзи“, рече таа.

Нејзиниот сопруг Мајкл го праша момчето: „Може ли да седнеш на среќните скали и да се вратиш кога ќе станеш посреќен?“.

Момчето се вратило во собата по околу 10 секунди како ништо да не се случило.

„Следниот пат кога го пробавме овој трик, го снимив за да видам дали ќе работи исто толку брзо, и овој пат на Колби му беа потребни 0.0001 секунди за да престане да биде бесен“, додаде мајката.

Родителите велат дека користеле метод наречен три предупредувања, што би резултирало со испраќање во ќош ако продолжи да се однесува несоодветно, но како што тврдат, „среќното место“ е многу поуспешна и побрза алатка за смирување на гневот.

Ејми вели дека тоа не е алатка што ја користат кога Колби е навистина вознемирен или повреден, туку само кога има неосновани изливи на лутина.

Бројни родители го пофалија методот на овој пар и признаа дека ќе го испробаат кога за прв пат ќе се најдат во слична ситуација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amy Louise Crisp (@amylouisecrisp.x)

Извор: Индекс.хр

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1