ММС

Објавено на: 09/8/21 12:57 PM

Се судрија трактор и моторцикл кај Валандово – повредени две млади лица

Вчера околу 19,40 часот на пат помеѓу с.Пирава и с.Јосифово на место викано „Пиравски плантажи“ – Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон„ без регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(81) од Валандово, и моторцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од В.М.(24) од с.Рабово, а на кој се превезувала и 17 годишна малолетничка од с.Јосифово, известуваат од МВР.

По несреќата В.М. и малолетничката се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Валандово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1