ММС

Објавено на: 09/8/21 1:07 PM

Нека е честит денот, 30 години независност!!!

Денес Македонија го слави својот 30-ти роденден како самостојна и независна држава. Пред точно 30 години беше одржан референдум  за независност на Македонија при што референдумското прашање гласело:

„Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“.

Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање. По успешно спроведениот референдум, на 17 ноември 1991 година бил донесен првиот Устав на Република Македонија. По донесувањето на Уставот, активностите за меѓународното признавање на Македонија ги презел претседателот, Киро Глигоров. На 16 декември 1991 година, Советот на министрите на Европската заедница (сегашната Европска комисија) донел одлука да ја признае независноста на оние републики од СФРЈ кои ќе побараат признавање, но кои ги исполнуваат условите поставени од страна на Европската заедница.

Македонската државност е без сомнение нашето најголемо заедничко историско постигнување, а пред 30 години се остварил сонот на сите генерации кои се бореле и гинеле за нашата слобода.

модел: Ангела Јакимовска

фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1