ММС

Објавено на: 09/8/21 11:36 AM

Три намирници кои не треба да се јадат пред десет часот

Ако сакате да бидете фит, постојат три намирници кои треба да се избегнуваат рано наутро, советуваат нутриционистите.

Многу луѓе се борат со прекумерна тежина и следат различни правила и совети за да останат во форма. Појадокот е многу важен оброк кај балансирана и здрава исхрана, но некои намирници можат и тоа како да влијаат на линијата ако се конзумираат рано наутро.

Нутриционистите советуваат дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот, туку треба да се грижите за храната што може да има лош ефект врз телото, доколку се јаде пред 10 часот наутро.

Путер

Иако содржи многу витамини, од кои најважни се А и Е, покрај здравите масти, содржи и многу заситени масти, кои можат да имаат штетно влијание врз срцето и крвните садови и да придонесат за дебелеење.

Наместо тоа, нутриционистите предлагаат путер од кикирики, бидејќи го намалува чувството на глад.

Јогурт со малку маснотии

„Лајт“ намирниците особено се купуваат кога станува збор за здрава исхрана, но тоа не е секогаш вистинското решение. Експертите тврдат дека млечните производи со малку маснотии не содржат доволно протеини и затоа гладот ќе се почувствува побрзо.

Истражувањата покажаа дека јогуртот со поголем процент на маснотии придонесува за слабеење, за разлика од неговата „лај“ варијанта.

Исцеден сок

Нутриционистите тврдат дека повеќето овошни сокови содржат иста количина шеќер како и купениот сок, што ги прави еден од најлошите избори за појадок, како и конзумацијата воопшто.

Една од причините што внесот на сокови не придонесува за слабеење е тоа што многу луѓе не чувствуваат дека внеле нешто во телото додека не џвакаат храна, па затоа брзо сакаат да јадат нешто „конкретно“, пишува Магазин новости.

Извор: Пинк.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1