ММС

Објавено на: 09/8/21 10:50 AM

Гостиварец влегувал во јавни установи и крадел пари

Полициски службеници од СВР Тетово расчистија шест тешки кражби во Гостивар и го приведоа 25-годишниот А.О. од долнореканското село Видуше.

Во текот на минатиот и овој месец А.О. со употреба на сила и алат влегол во неколку гостиварски јавни установи (болница, катастар и други) и од таму одземал оставени пари во фиоки, каси и на други места.

Дваесет и петгодишниот видушанец e приведен во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на овој случај, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик , а поради основи на сомнение дека сторил кривично дело “тешка кражба”.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1