ММС

Објавено на: 09/8/21 10:10 AM

Претседателот Пендаровски им оддаде почит на покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември – Денот на независноста, денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје.

„Почит за првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Не ги забораваме неговите заложби за мир и стабилност. Почит за загинатиот претседател Борис Трајковски. Ќе остане запаметен како лидер визионер“, напиша Пендаровски на Фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1