ММС

Објавено на: 09/8/21 9:18 AM

(Видео) „Бремена ли си?“ – Манекенката Кајли Џенер сподели радосни вести, доаѓа бебе

Манекенката Кајли Џенер синоќа на Инстаграм ја објави веста за нејзината втора бременост. Во видеото од 90 секунди, младата 24-годишна претприемачка вели дека очекува бебе со своето момче, раперот Тревис Скот. Двојката веќе ја има тригодишната ќерка Сторми Вебстер.
Џенер е основач на линијата за убавина „Кајли Козметикс“, која е во мнозинска сопственост на производителот на козметика „Coty Inc“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)


Видеото започнува со позитивен тест за бременост, а потоа се гледа како Кајли и нејзиното момче одат на гинеколог на ултразвук. Следните сцени го прикажуваат роденденот на младата манекенка, а потоа и ќерката Сторми која го бакнува стомакот на мајка си.

„Што е ова? Бремена ли си?“, праша мајката на Кајли, Крис во видеото, гледајќи ги снимките од ултразвук и додавајќи дека ова е еден од најсреќните денови во нејзиниот живот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1