ММС

Објавено на: 09/8/21 8:42 AM

Затворени улици и булевари во Скопје -Изменет сообраќаен режим поради протести и прослава

Поради најавени два протести во Скопје денеска од 10:30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај  бул. „Гоце Делчев”  на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”.

Почнувајќи од 13:30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Климент Охридски”.

Полицијата апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Протест денес ќе одржи Конфедерацијата на синдикални организации – КСОМ на кој што ќе го искаже незадоволството и игнорантскиот однос на владата кон работниците, работничките права и синдикалното здружување.

-Протестот ќе започне во 10:30 часот пред канцелариите (кај поранешен скопски саем), ќе продолжи по булевар Г. Делчев, а ќе заврши пред влада каде во 12 часот ќе одржиме прес конференција преку која ќе ги соопштиме нашите ставови и барања. Незадоволни од социјалниот дијалог со владата на протестот ќе земат учество: -Независниот синдикат на полицијата, -Независниот синдикат за образование и наука, -Независниот синдикат на здравството, -Независниот синдикат на државна администрација, -Независниот синдикат на професионалните војници, -Други синдикални органицации при КСОМ, се вели во соопштението.

Поради прославата на 30 години независност на Македонија веќе три дена улиците околу републичкото собрание се со изменет сообраќаен режим.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1