ММС

Објавено на: 09/7/21 8:33 PM

Прославата 30 години независност ќе не чини 190.000 евра – Во живо ќе ја следат само вакцинирани и прележани

Прославата за јубилејот – 30 години независност која ќе се одржи утре ќе не чини 190.000 евра. Владата го објави договорот кој минатиот месец Генералниот секретаријат го склучил со фирмата ДВД Плус ДООЕЛ од Скопје. Компанијата треба да ги организира сите „културни настани за креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на серија активности и настани за одбележување на 30 години независност на земјава“-стои во дооворот.

Тој е со времетраење од шест месеци, а на него стои потпис на Генералниот секретар на владата Мухамед Зекири и управителот на комопанијата ДВД Плус, Здравко Кочишки. На тендерот присигнала само една понуда, таа која е избрана. А клучен при изборот бил квалитетот на услугата кој носел најмногу поени за разлика од пониската цена.

 

Компанијата покрај тим, сценографија, бина, аудиовизуелна опрема, ограда за ограничување на публиката треба да ги  обезбеди и изведувачите за утрешниот настан. Исто да обезбеди и 5.000 води од половина литар и пунт на кој бесплатно ќе се делат на пубиката. Според договорот треба да обезбеди и впечатлив огномет кој ќе трае најмалку 5 минути од соодветна локација за да биде видлив од бината, но и за публиката. Покрај тоа треба да изработи и промотивно видео од 60 секунди на македонски и албански јазик, 100.000 летоци, 2.000 постери и 30 билборди. А обврзана е содржината од договорот да ја чува како деловна тајна.

Поради генералните проби за утрешната централна манифестација три дена беше блокиран центарот на Скопје. КОј ќе биде гостин во музичкиот дел Владата не соопштува, да било изненадување, но судејќи според пробите што попладнево се одржуваа гостин ќе биде Влатко Стефановски со Филхармонија.

А Владата доцна попладнево објави и повик за регистрација на публика за манифестацијата 8 Септември – 30 години независност која ќе се одржи утре во 17 часот пред Собранието. Настанот поради пандемијата со Ковид 19 ќе биде со ограничен број на публика, а сите граѓани кои сакаат да присуствуваат ќе мора да се регистрираат на линкот кој го постави Владата.

Сите присутни мора да поседуваат и  вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид.

„Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација околу позицијата на местото за седење и линк кој води до мапа на којашто е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење. Центарот на Скопје (голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните кои ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила.“-соопшти владата.

Граѓаните утре треба да пристигнат пред Собранието  најдоцна до 16:30 часот. Другите ќе може да гледаат директен пренос на Јавниот сервис.

(A.С.)

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1