ММС

Објавено на: 09/7/21 5:07 PM

Спремете чадори – Од четврток дожд и намалени температури

Утре ќе биде претежно облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, претежно во југоисточните и западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. УВ=5

Во Скопје претежно облачно со слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, претежно во крајните западни и крајните источни делови. Температурата дополнително ќе се намали. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1