ММС

Објавено на: 09/7/21 4:28 PM

Модра сум, мислам дека скршив колк – Тетка Дока од Зоне Замфирова пропаднала во дупка

Српската актерка Радмила Живковиќ имала несреќа кај Тасмајдан и се здобила со повреди.

Како што раскажала таа за медиумите, додека го шетале кучето заедно со својата ќерка, незгодно паднало и се сомнева дека го скршила колкот.

“Не се чувствувам здравствено најдобро. Доживеав несреќа додека одев со ќерка ми и кучето. Невнимателно ги гледав локалите околу мене и паднав во дупка во асфалтот”, започнала таа.

“Потоа се заглавив и незгодно паднав. Имам модринки и кожата ме боли на допир. Се сомневам дека го скршив колкот, но се уште не сум отишла да побарам лекарска помош. Цел ден лежам и се надевам ќе се подобри. За среќа, имаше момци кои ми помогнаа да станам и да продолжам понатаму. Се надевам дека се ќе биде добро “, додаде актерката.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1