ММС

Објавено на: 09/7/21 4:04 PM

Избегнувајте ја оваа улица, денес и утре е затворена за сообраќај

ЦУКС известува дека, поради подготовки за настанот за празнување на триесет годишнината од Денот на независноста на нашата држава, затворена за сообраќај е ул. Димитрије Чупоски  како и ул. 11 Октомври во двата правци на движење и тоа на потегот од к-ца со ул. Васил Главинов и ул. Даме Груев  до к-цата со ул.Филип Втори Македонски.

Денеска (07.09.2021) од 23 часот, па се до 11 часот утре (08.09.2021г) дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. Даме Груев на потегот од крстосницата со ул.Македонија до крстосницата со ул.11 Октомври  како и ул.Филип Втори на потег од Кеј 13 Ноември до к-цата со ул.11и Октомври и ул.11 Октомври на потегот од бул. Кочо Рацин до ул. Даме Груев. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Центарот апелира, до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи, да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1