ММС

Објавено на: 09/7/21 7:00 PM

(Видео) Ретко кој виде дека сум несреќна – Ивона од Куманово го оперираше желудникот за да се спаси од килограмите

Јас давав многу знаци дека сум несреќна, но ретко кој знаеше да ги прочита,  ретко кој знаеше дека јас цел тој период додека објавував слики не се лажев себе си,  туку работев на проблемот да го прифатам. А како  ќе прифатиш ако цело време се криеш од јавноста, ако криеш дека имаш вишок целулит. Нормално, ќе излезеш пред јавност  ќе покажеш дека имаш вишок целулит и ќе видиш како ти ќе се чувствуваш.

Ова го вели пејачката и инфлуенсерка Ивона Јовановиќ од Куманово, позната како Ивона Јо, која пред две недели се реши да направи чекор напред во подобрување на своето здравје. Замина во Турција и го намали ѓелудникот, операција , која последните години е многу актуелна и која им помогна на многу луѓе совишок килограми.

Ивона за 11 дена ослабе 11 килограми, но, ова е само првиот чекор до совршена линија. Пред неа има денови на прилагодување и броење на минус килограми. Таа за ММС вели дека процесот ќе оди полека, до Нова Година би требало да ги има првите реззултати, но така како што таа сака да изгледа ќе се види за една година.

ММС разговараше со Ивона за тема килограми, себе прифаќање, соочување со вистината и секако соочување со коментарите со душегрижниците, кои, како што вели таа, повеќе сакаат да ја озборуваат неа, отколку да си го гледаат нивниот беден живот. Ивона тргна по патот од Истанбул, Турција, каде собра храброст и замина на интервенција.

-Храброст ми требаше, да. Страв? Па, не. Не си дадов голем период за размислување, не размислував многу.  Одлуката беше донесена бргу, на еден ручек со татко ми и затоа немав време за тоа. Единствено што се плашев е половина час пред операција, пред да ми дадат анестезија.

Пстојат неколку интервенции, потсекување, прстен.., која интервенција ја направи ти?

-Јас направив потсекување, извадив 70 проценти од желудникот, и сега ми останаа само 30 проценти, мал капацитет што собира храна и течности.

Со колку килограми тргна за Турција, а колку килограми имаш сега. Колку ослабе?

-За килограмите ќе го избегнам одговорот. Нема да коментирам затоа што не сум подготвена.  Но, за понатаму кога ќе се охрабрам, кога ќе дојдам до определена бројка ќе зборувам. Сега не.  Ќе кажам само дека од моментот кога се оперирав имам минус 11 килограми. Ова ми е 11 ден од операција, по еден килограм на ден. Операцијата ја направив во Турција, во приватна клиника. Идејата ми ја дадоа подамна, но јас не се сложив на тоа поради предрасуди. Со текот на времето сватив дека доколку сакам нешто да направам треба малку психички да се средам, затоа што за жал, живееме тука, каде што живееме. Никој не се гледа себе си, но за другиоот коментира. И сега по операцијата откако ќе почнам да симнувам, а веќе почнав,  има коментари. Бев уморна од целиот фокус и затоа решив да направам ваква интервенција, која е за цел живот.  Веќе никогаш нема да ги вратам тие 70 проценти од желудникот кои се извадени.  Одлуката не е едноставна, посебно за луге кои се премногу скептични или луѓе кои премногу размислуваат. Јас во животот имам среќа што сум храбра за било што и што сум решителна. Штета што не можев да кажам така и на храната. Секако никој не прашува зошто и како дојдов до оваа килажа, туку сите си нагаѓаат- од премногу јадење, велат. Но, проблемот кај мене е емотивното прејадување и ќе го решавам со работа на себе, преку психолози, преку стручни лица, а физичкиот вака, со кратење.  Дебелината не – ах таа премногу јаде, ах таа премногу зема хамбргери. Но, позадината е сосема друга. Ама нашата раја е многу проста и не може да свати некои работи на кои јас веќе не се  ни лутам, само ми е жал за нив.

Што ти рекоа во болницата, до каде и како ќе оди паѓањето на килограмите? Ова го прашувам за луѓе кои го имаат истиот проблем, но се уште не се решиле да направат чекор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)


– Нема што да се брза. Имаме брошура по која се храниме. Првите 10 дена ми се течни. Денес почнувам со кашички така да  и да сакам повеќе да внеам храна јас не можам. Толку ми е капацитетот сега. Затоа ќе оди постепено.  Овие 11 килограми што бргу ги симнав се вишок вода, на течности кои сум ги имала. Потоа се надевам дека ќе успори процесот. Лекарот ми рече се да се одвива со нутриционисти.  Кажаа дека од мене бараат минус 80 килограми, но јас моментно сум на ум да оди пополека. Тие првите 55 килограми ги очекуаат до декември. Потоа се прави првата контрола и потоа здравје Боже по една година целиот резултат ќе се види. Така што тие прогнозираат 80, јас велам дека не сакам да се занимавам со бројки, затоа што ова го правам за добро здравје. Како ќе каже крвната слика така, тоа ќе ми биде водич.

Кога ќе ги постигнеш саканите килограми, што е она што прво ќе го облечеш?

-Уште сега барам парчиња гардероба кои до сега ми биле забранети, а знаеме сите што се случи  кога ги објавив сликите со фустанот и какви реакции имаше тогаш.  Прептоставувам дека би биле скинати фармерки, имам толку голем мерак на скинати фармерки, тесни, некое кроп топче со гол стомак, добра штикла и многу добра фотосесија. Да гори.  Да имаат лугето тогаш за што да зборуваат. Баш ме интересира тогаш за што ќе озборуваат, веројатно ќе им биде многу тесен мојот струк. Хахахаха…

Што е она што се смени, бидејќи долго време зборуваше дека секој треба да си се сака себе си, па што ако е дебел?

-По лавината на коментари кога објавив фотосесија со црвен фустан, со гола нога, кога се дигна бунт. Уште тогаш почна процесот на прифаќање на новата ситуација. Луѓето кои немале проблем со вишокот на килограми не дека не смеат нешто да кажат, туку не смеат да ги отворат устата затоа што ова е буквално отсликување на целиот животен период. Мојот фокус беше ставен на тоа. Зошто? Затоа што не можеш ништо да смениш ако не се прифатиш.  Работев на тоа да ги засакам сите маани на моето тело за да видам дали би сакала да живеам со нив или не. Никогаш не сум пропагирала дека гојазноста треба да се почитува. Ако доколку имаш висок крвен притисок пак ќе гласам за дебелина затоа што така ми одговара. Не! До моментот  кога почна да ми пречи килажата на здравјето беше пресудниот момент кој за мене значеше дека морам да направам нешто на моето тело.  Баш пред две години кога ги симнав тие фамозни 30 килограми и тука застанав. Но тука, пак, се јави проблемот со емотивно прејадување поради икс причини во мојот живот.

 

Така што целата слика, кога ќе видиш некој дебел човек, како и лице со попреченост, како и со анорексични не треба да им се суди пред да слушнеш што тој човек носи во својата душа. Но, пак ќе кажам, ние сме прост народ.  Не се прашуваме како сме. И тоа како нација ќе не унакаже оти не сме  способни да ги сослушаме соговорниците. Јас многу знаци давав дека сум несреќна. Но, ретко кој знаеше да ги прочита,  ретко кој знаеше дека јас цел тој период додека објавував слики не се лажев туку работев на проблемот да ги прифатам. А како  ќе прифатиш ако цело време се криеш од јавноста  дека имаш вишок целулит. Нормално, ќе излезеш пред јавност дека имаш вишок целулит и ќе видиш како ти ќе се чувствуваш. Буквално еден експеримент за да видиш како ќе се чувствуваш. Кога отидов на одмор во Грција, беше крајно, веќе знаев дека ќе одам на операција. Тоа беа деновите кога јас уживав во своето тело знаејќи дека ќе дојде до промена и никогаш повеќе нема да биде вака.

Кога ќе ослабиш за што ќе ти биде најмногу жал, за некој убав сендвич, за пита, пица..?

-Најдобро е што јас после пест месеци ќе се вратам во нормала со исхраната, го враќам во потполна функција. Мене лекарот ми рече: „Ивона, ти ќе јадеш пица, но твојот желудник веќе не може да собере цела пица, туку едно парче. Никој не вели дека јас ќе бидам лишена од хамбургери и пици, но во тој момент ќе се запрашам дали сакам да го внесувам тоа бидејќи во тој момент почнуваш да учиш здрави навики за твоето тело.

Како велат за дебелите- живеат за да јадат, но сега ти ќе јадеш за да живееш?

Да.  Најдоброто од се е при сечење на желудникот пресечен ми е и хормонот на глад.  Глад во ниеден момент не чувствувам, па затоа сум приморана да гледам на часовник за да знам кога треба да внесувам протеини, бидејќи во моментов кога ослабнува телото не треба никако да го лишувам од протеини бидејќи се потребни за да може да се сочува мускулатурата. Јас во тој поглед имам среќа. Лекарот кој ми ги правеше анализите, ми измери 60 проценти мускулна маса, што за еден дебел човек како мене е огромен успех. Тоа значи  дека нема потреба да поминувам часови и часови во теретана за да градам мускулна маса. Тоа исто така значи и кога ќе ги симнам килограмите нема да ми биде обесена кожата туку нормална.  Нема да виснам туку ќе бидам згодница. Здравје, за Нова Година мислам дека ќе имам убави слики.

(В.М.)

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1