ММС

Објавено на: 09/7/21 1:00 PM

Три тепачки во Кавадарци, две од нив помеѓу граѓани од други градови

Три физички напади се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Околу 19.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автобуската станица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ѓ.(30) и С.К.(29), двете од Велес, од една страна и Љ.Т.(48) од Гевгелија, од друга страна. Во ОВР Кавадарци, Н.Н.(49) од Кавадарци пријавил дека околу 19.30 часот на кејот на реката Луда Мара бил физички нападнат од неколку лица. Околу 10.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на автобуската станица во Кавадарци настанала физичка пресметка помеѓу Ш.Р.(38) од Кочани и Р.Н.(47) од Крива Паланка, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1