ММС

Објавено на: 09/7/21 12:47 PM

Над половина од населението над 40 години примило барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 747.225 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.621 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.159 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.332.658 дози вакцини, а ревакцинирани се 579.358 граѓани, информираат денеска од Министерство за здравство.

Според Министерството за здравство, со последните бројки 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

-Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, велат од Министерството за здравство.

Вакцините, велат, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација, додаваат, се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1