ММС

Објавено на: 09/7/21 12:19 PM

Силуван, па исечен на лицето – Страшна животна приказна на актерот Мајкл Вилијамс кој беше пронајден мртов во својот дом

Холивуд е шокиран од веста за смртта на актерот Мајкл К. Вилијамс кој беше пронајден мртов во својот пентхаус во Њујорк. Вилијамс имаше само 54 години.

Два дена семејството не можело да стапи во контакт со актерот кој стана познат по улогата во култната серија „Жицата“.

Неговиот внук насилно влегол во станот и го нашол како лежи со лицето кон земјата, а околу него биле расфрлани предмети кои се потребни за интравенско консумирање дрога. Хероинот бил пронајден на стол во кујната.

– Беше возбуден поради доделувањето на наградите, беше сигурен дека ќе освои Еми – изјави неговата внука Арванс Вилијамс за „Дејли Мејл“.

Вилијамс беше најпознат како впечатив гангстер Омар Литл во полицијата серија „Жицата“. Таа серија беше емитувана од 2002 до 2008 година.

Вилијамс порасна во Бруклин и го помина детството на проблематичните улици полни со дилери на дрога и насилство. Доживеал сексуално злоставување како дете и рекол дека поради бил многу збунет околу прашањето за својата сексуалност, а немал кому да се обрати за помош.

Вилијамс никогаш не се декларирал како хомосексуалец и бил во врска со повеќе жени, а со една од нив го добил синот Илајџа.

Кога имал 25 години, Мајкл се обидел да спречи уличен грабеж на еден свој пријател и притоа добил посекотини по лицето кои му оставиле една лузна.

Мајкл К. Вилијамс играше во филмпт „Куршум“ со Тупак Шакур и тоа ми беше филмско деби. Се појави и во серијата „Сопранови“ и во филмот на Мартин Скорсезе „Враќајќи ги мртвите“.

– Се дрогирам од својата 19-та година. Одев на лекување и почнував повторно. Страшно враќање на зависноста имав во третата сезона на „Жицата“. Се сеќавам дека влегов во црква и реков, помогнете ми. Со години траеше борбата – изјави еднаш мајкл Вилијамс кој оваа година беше номиниран за Еми за споредната улога во серијата „Lovecraft Country“.

 

Извор: Mondo/DailyMail

 

Фото: abcnews.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1